За сите девојки кои посакуваат да избегаат...

Постои нешто во врска со трчањето што подгрева оган во мојата душа. Кога моите стапала се поткреваат од земјата, адреналинот во моите вени се зголемува и го носи нанапред моето тело.

Во тој дел од секундата, можам да сфатам како луѓето сакаат да го поминат својот живот трчајќи, трчајќи, трчајќи.

И ако убаво размислам, можам да замислам како луѓето можат да го искористат тој ист адреналин да избегаат од животот кој е пред нив: бегајќи, бегајќи, бегајќи од сите работи со кои не сакаат да се соочат.

Исто како копнежот да се трча бескрајно, сосема е океј да посакате да ја поминете вечноста бегајќи од животот, да го оставите светот позади вас и да трагате по нешто различо. Сосема е во ред да посакате да бидете нешто друго, но само за миг.

Не можете да избегате од животот кој ви е суден. Можете да бегате од работите кои ги мразите и од кои сте исплашени, можете да се заклучите од работите во кои не сакате да вложувате, но не можете да избегате од патот кој е наменет за вас.

Затоа што без оглед на тоа колку далеку бегате, секогаш ќе се најдете на местото на коешто треба да бидете.

Копнежот да се скршне од патот е дел од животот кој сите ние го избираме во одреден момент. Тоа е начин на кој всушност откриваме дека сакаме да го завршиме нашиот животен пат.

Кога бегаме, тоа ни помага да откриеме зошто треба да бидеме онаму каде што сме. Учиме што ни недостига, што сакаме од животот и што се обидуваме да бидеме.

И сето тоа е навистина важно.

Па ако тоа е она што сте денес и сте подготвени да бегате, тогаш бегате. Без оглед на тоа колку луѓето велат дека бегањето не е одговор, понекогаш е единствениот одговор.

И вие сте единствени со моќта да го направите тоа.

Одете и трчајте слободно. Дозволете адреналинот да ве однесе на прекрасни места и нови искуства. Дозволете си себеси да бидете обликувани и променети од овој нов пат по кој сте тргнале.