За работите за кои никогаш јавно не им се заблагодарив на пријателите...

Фала ви што ме сакавте и кога не се сакав себеси, кога мразев сѐ во врска со мене.
Фала ви што ме сакате без оглед на тоа како се гледам себеси, затоа што вие никогаш не сте ме гледале на тој начин. Фала ви што ги слушавте моите кукања, кога бев на дното.

Фала ви што секогаш ме вклучувавте во сѐ и се трудевте да се чувствувам како да припаѓам со вас. Фала ви за тоа што уживате во моето друштво и што ме цените.

Фала ви што ме сакате и кога сум тажна или лута или вознемирена. И тогаш кога се обидувам да бидам среќна, но добро е тоа што покрај вас, не морам да се преправам, не морам да се правам дека ми е добро, кога не ми е, затоа што вие веднаш го забележувате тоа.

Фала ви што бевте тука кога плачев, фала што секогаш сте знаеле да ги изберете правите зборови и да ме кренете кога ќе паднам и кога ќе се чувствувам изгубено.

Фала ви што ме сакате и кога се забавуваме. Фала ви што танцувате со мене на подиумот и кога не ви се танцува. Фала ви што секогаш ќе бидете дел од моите најдобри сеќавања.

Фала што бевте тука и кога бевме физички раздвоени. Фала што секогаш ми се јавувавте и ме прашувавте како сум. Фала ви што сте тука, затоа што тешко е да се пронајдат такви пријатели. Фала што сум дел од вашиот живот.

Фала ви што ме сакате и кога ќе направам глупост и кога ќе се посрамотам. Фала ви што ме сакате кога ќе се сплеткам со тип кој не е за мене. Фала што секогаш наоѓате време за мене и се обидувате да ме разберете.

Фала ви што ме поддржувате и секогаш ми кажувате дека можам да ги остварам сите мои соништа. Фала ви што сте искрени со мене, дури и кога не сакам да слушам. Фала што секогаш ме поттурнувате кога ќе заглавам,.

Фала ви што секогаш ми дозволувате да бидам она што сум и не се обидувате да ме промените.

Фала ви што вие сте такви какви што сте, затоа што да ве нема вас, јас не би била она што сум денес.

bridge media | Nike