Никогаш не очекувајте вашите пријатели да бидат онакви какви што вие ги замислувате

 

Вистинското пријателство никогаш не врзува, никогаш не поставува услови, тоа е слободно и отворено за сите бури кои можат да надојдат. Но, колку и да се силни тие бури, тие не можат да го срушат она што искреното и длабоко пријателство може да го изгради. 

Вистинските пријатели можат да се оддалечат и со години да одат по патеки кои ги видат во спротивни насоки, тие можат и да се скараат, или молчењето да стане нивен единствен разговор, но ништо не може да го избрише пријателството од нивните срца. Кога ќе дојде време, кога бурата ќе се стиши и молчењето ќе созрее, вистинските пријатели повторно се среќаваат, посилни од порано, како ништо да не било.

Чувајте ги вашите пријателства и запамтете една работа; никогаш не очекувајте од вашите пријатели да бидат онакви какви што вие ги замислувате, да размислуваат како што размислувате вие, да сакаат работи што вие ги сакате. Пуштете ги нека одат по своите патеки, знаејќи дека пријателската љубов е многу силна, таа секогаш ги води пријателите до истата цел, без оглед што можеби одат во спротивна насока.

Анѓелко Катиниќ