Во скопската Зоолошка се роди бебе белоглав мршојадец - вид кој е загрозен

После четири години скопската Зоолошка градина доби и бебе белоглав мршојадец - вид кој е загрозен.

-Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.

Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца, појаснуваат од Зоолошката градина. 

-Мило ни е што и во минатато и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување, велат оттаму.