Реконструирани пешачките патеки во ЗОО Скопје

Во изминатиот период екипите на ЈП „Улици и Патишта" во соработка со вработените од Зоолошка градина Скопје извршија комплетна санација на пешачките патеки со бекатон.

Преку 30 локации со вкупна површина од 600 м2 беа санирани и реконструирани од страна на градското јавно претпријатие.

- Голема благодарност за досегашната соработка. Продолжуваме заедно да работиме на нови проекти за разубавување на зоолошката градина, информираат од Скопје ЗОО.