Од денеска до петок во Скопје ќе се прска против комарци

Од денеска до 15 септември на подрачјето на град Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци. Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден. 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Град Скопје апелира, пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.