Почнува четвртата фаза од теренската дезинсекција против комарци во Скопје

Од денеска до петок во периодот од 22 до 3 часот ќе се спроведе четвртата фаза на теренска дезинсекција против комарци во регионот на град Скопје.

Доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, ќе се прска наредниот ден кога ќе бидат поволни условите.

- Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите, велат од Град Скопје.