Владата ќе ја преземе Универзална сала, Арсовска има рок од 7 дена да ја предаде

Советот на Град Скопје денеска со 26 гласа „за“, односно со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ја изгласа иницијативата за Владата да ја преземе Универзална сала.

Градоначаничката на Град Скопје, Данела Арсовска треба во рок од 7 дена да изготви одлука за предавање на Универзална сала на Министерството за култура.

Универзална сала почна да се реновира во септември 2021 година во мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но градежните работи беа прекинати по доаѓањето на Арсовска.