Андоновски: До кога градоначалничката Арсовска како голем борец за правата на жените ќе го толерира секретарот на Град Скопје.

 

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денес повторно не се појави на седницата за прашања од советниците и не беше тука да одговори на суштинските прашања кои Советот ги има кон нејзе,а посебно за скандалот што се јави во медиумите за секретарот на Град Скопје кој е пријавуван за семејно насилство рече на денешната прес-конференција советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

- “До кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со заштита негова и со тоа што не се појавува во рамки на Советот да одговори на овие прашања всушност ги брани правата на жените или пак ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема да одговори за овие прашања”,кажа Андоновски

Андоновски рече дека според медиумите не се случува по прв пат туку се случува неколку пати во последните години генералниот секретар на Град Скопје да биде пријавуван за семејно насилство а исто така беше пријавен и во рамките на Град Скопје каде се случи едно вербално и физичко меѓусебно насилство и за тоа исто така беше алармирана полицијата.