Град Скопје е подготвен за расчистување на снежните наноси од коловозите и булеварите

 

“ По најавите за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, вечерва одржавме координативен состанок на терен со зимската служба на Градот Скопје и скопските јавни претпријатија“ објави на социјалните мрежи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

- “Градот Скопје е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови. Градот Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до граѓаните, да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните односно станбените објекти. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување“ напиша Арсовска