Вегетаријанска мусака

Мусаката не мора да биде со месо, за да биде вкусна. 

Состојки:

600 гр компири
Еден поголем домат
Еден кромид
Две зелени пиперки
Еден голем морков
Малку карфиол
Една помала тиквичка
200 гр печурки
Една чаша грашок
Масло, магдонос, бибер
2-3 чешниња лук
Две лажици инстант супа од печурки 

Подготовка:

Запржете го кромидот на масло, додадете ја исецканата пиперка, на кругови исецканиот морков, тиквичките во форма на коцки, грашакот и карфиолот.

Додадете ги печурките, биберот и лукот. Подмачкајте тава од 30х20 со масло. Исечете половина од компирите и наредете ги на дното на тавата, па во средина истурете од динстаниот зеленчук. Покријте со домати исецкани на кругови и остатокот од компирот пресечен на листови. Во 100мл. вода растворете 2 лажици од инстант супата од печурки, промешајте и прелијте. Истурете малку масло. Печете на 200 степени околу еден час.