Оброк од мелено месо и печурки, сличен на мусака

Потпечено месо со печурки и кашкавал, кое наликува на мусака, но наместо компири, користите шампињони. 

Состојки (количина за две лица):

400 гр шампињони
300 гр мелено месо
Еден кромид
Зачински билки по желба
Една лажица ориз
Кашкавал на парчиња
Пет тенки парчиња сланина
Две лажици павлака
Две јајца
Сол и бибер

Подготовка:

Месото динстајте го со кромидот. Ставете сецкана сланина и ориз. Свежите шампињони сечете ги на тенки парчиња. 

Подмачкајте керамички сад за печење со путер. Најдолу ставете ред печурки, па смесата од месо, па завршете со останатите печурки.

Ставете да се пече на 180 околу 10 минути, па изматете ги јајцата со павлака и зачинете по желба. Прелијте врз смесата и ставете ја да се пече уште 40 минути.

Најгоре наредете го кашкавалот и вратете во се уште топлата, но исклучена рерна, за да се стопи.