Мусака од зеленчук и сирење, одличен летен оброк

Зеленчук во лето има во изобилие, па може да се употреби за вкусни ручеци, кои не мора ни да одземаат многу време за подготовка. 

За топлите денови, кога не ви се јаде месо, зеленчуковата мусака е одлично решение.

Состојки:

300 гр модри патлиџани
300 гр тиквички
300 гр домати
350 гр сирење
Три јајца
Една мала чашка кисела павлака
Сол и зачини

Подготовка:

Патлиџанот и тиквичките измијте ги, излупете и исечете ги на кругови или по должина. Посолете и оставете ги на впивачка крпа за да ја испуштат течноста. 

Подмачкајте ја тавата за печење, најдолу ставете од модрите патлиџани, потоа доматите на кругови, па тиквичките, ставете сирење и повторете ја постапката додека има зеленчук. 

Печете во загреана тава на 200 степени, покриено со фолија. При крајот, прелијте со изматени јајца и издробено сирење и вратете да се запече.