Турски млечен десерт кој сите ќе го обожаваат

Сте слушнале ли за мухалебија? Се работи за автентичен турски десерт кој се подготвува со млеко, гриз и кокос. 

Ова е рецепт кој секогаш успева:

1 л свежо млеко 
30 г кокосово брашно
100 г путер
6 лажици пченичен гриз
250 г шеќер
1 ванилин шеќер

Подготовка:

Во тенџере на тивок оган растопете го путерот, додадете го гризот и мешајте околу една минута. Засилете ја ринглата, додајте го млекото и продолжете со мешање. Потоа додадете го ванилиниот шеќер и варете додека се згусне смесата.

Напомена: Не варете на највисока температура, за да не загори.

Во добиената смеса додадете го кокосовото брашно, промешајте и варете уште 3-4 минути.
Десертот ставете го во чаши или чинии за пудинг. Почекајте убаво да се излади. Можете да украсите со цимет, мелени јаткасти плодови, чоколадо или овошје по желба.