Колач со афион, бело чоколадо и лимон

Ако афионот е состојка која ја обожавате, вкусот на овој десерт сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

200 гр бело чоколадо
3 лажици слатка павлака
40 гр афион

2 јајца
Кора од лимон
Сок од два лимона
50 гр шеќер
Една лажичка густин
80 гр путер

Подготовка:

Направете фил од состојките. Прво изматете ги јајцата со шеќерот, густин, па кората и сокот од лимон. Варете го кремот и откако ќе добие структура на потечен пудинг, додадете го путерот. Оставете да се излади. 

Стопете ги чоколадото и слатката павлака, ставете афион и додека е течно, ставајте во помали калапи за колачи. Додадете од филот и затворете со смесата од чоколадо. Изладете ги убаво пред да ги послужите, за да бидат цврсти и добро споени.