Превкусен чоко десерт со малини и јагоди

Вкусот на овој десерт ќе ве изненади, а за брзо време ќе ви стане омилен, поради необичниот состав.

Потребни состојки:

Една чаша јогурт
Чоколаден пудинг сварен во 300 мл млеко
Смрзнато овошје (јагоди, малини, капини...)
Овесни снегулки
Сок од портокал
Шеќер

Подготовка:

Во сварениот пудинг додадете ја чашата јогурт и изматете додека да добиете пенеста смеса. 

На дното на чашата ставете овесни снегулки кои сте ги измешале со сокот од портокал и шеќерот. 

Врз тоа, ставете од овошјето, кое ќе пушти сок и дополнително ќе ги натопи снегулките. 

Одозгора ставете од чоколадниот фил со јогурт. Изладете ги добро и послужете.