Сузана Ѓавазова и уште многу други ѕвезди ќе ги забавуваат скопјани за дочекот на Новата година

За дочекот на Новата 2024 година, на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе има богата и интересна музичка програма.

Скопјани и гостите во градот ќе ги забавуваат Тин Камп, Лејдис оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски. 

Со оглед дека временските прилики се добри, се очекува добра забава под отворено небо! 

Градот убав ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар, заедно да одбројуваме до Новата година и да создаваме спомени, велат организаторите.