Повторно "Мерак Меана" ќе ги забавува скопјани на градскиот плоштад, а на нив ќе им се приклучи и ДНК

И додека скопјани не знаат дали ќе има организиран дочек на плоштадот “Македонија” и кој ќе ги забавува, Плусинфо од свои извори ги дозна дел од изведувачите.

Новата година на на оние кои ќе се одлучат да ја прослават на градскиот плоштад ќе им ја разубават членовите на „Мерак Меана“ додека пак „Среќна нова 2024“ година на скопјани ќе им ја посакаат Андреј и Панчо од дуото „ДНК“.

Исто како и минатата година така и оваа Град Скопје не ги открива музичките имиња кои ќе настапат од причина што преговорите сеуште течат па да не се случи некој да биде најавен а да не може да настапи.

Како што и е познато на јавноста минатата година на скопскиот плоштад настапија Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Мерак Меана, Зуица Лазова а новата година им ја посака пејачката Елена Ристевска

Тогаш се шпекулираше дека програмата се криела и на музичарите им било кажано да не објавуваат детали на своите профили, за изненадувањето да биде поголемо, дали ќе биде така и оваа година не се знае.