Рижото со јајца и кромид на кинески начин

Рецепт кој можете да го правите преку цела година. Во пролет е уште поубав бидејќи можете да додадете и млад кромид. 

Состојки:

2 шолји сварен ориз
4 јајца
Еден исецкан црвен кромид
Коцка пилешка супа
Зачини
Масло

Подготовка:

Подготовката не може да биде полесна. Најпрво пропржете го кромидот. Во него додадете го оризот. Супата растворете ја во една чаша вода. Искршете ги јајцата и изматете ги. Пржете ги заедно со оризот, зачинете по желба. Ставете ја течноста, измешајте добро и оставете да се издинста во поклопена тава.