Посно рижото со пченка

По божикната трпеза, која традиционално е мрсна, добро е да го одморите организмот со полесна храна, како што е ова рижото.

Состојки:

Еден кромид
Два моркова
300 гр пченка од конзерва
Три чешниња лук
300 гр ориз
Зачини

Подготовка:

На масло издинстајте го кромидот, додајте рендан морков, а потоа и пченката, па зачинете. Ставете исецкан лук. 

Додека се динста, измијте го оризот низ неколку води. Ставете го во смесата со зеленчук и потоа ставете вода над содржината. Гответе на тивко и на крај додајте магдонос.