Рижото со пршута, вкус кој ќе ве освои

Оризот е уште една намирница која можете да ја комбинирате со најразлични состојки и секогаш да имате уникатни оброци. 

Потребни состојки:

250 гр ориз
3 лажици маслиново масло
100 гр пршута
2 чешниња лук
Помал црвен кромид
200 мл бело вино
1 литар зовриена вода
2 лажички италијански зачин
60 гр бадеми
20 гр пармезан
Сецкан магдонос

Подготовка:

На маслото пропржете ги кромидот, лукот, а потоа и пршутата исецкана на коцки. Ставете го оризот, пропржете кратко и прелијте со вино. По некое време прелијте со водата, зачинете и варете околу 15 минути.

Исецкајте ги бадемите и измешајте ги со пармезанот и магдоносот. По 15 минути ставете врз рижотото и поклопете со капак уште кратко.