Qatar Airways најавува авио линија за поврзување на Скопје и Доха

Претседателот за аерополитика, индустрија и регулаторни работи во Qatar Airways изјави дека неговата компанија планира да воведе нов директен лет од Доха до скопскиот аеродром Александар Велики.

Говерејќи во главниот град по разговорите со Премиерот на Република Македонија рече дека новата услуга на компанијата ќе ги зајакне политичките односи и бизнис релациите помеѓу двете земји. Како официјален преставник на Qatar Airways гледам голем потенцијал за инвестирање во Македонија, пред се во туризмот. Се надевам дека летовите кои што ќе се воведат следната година ќе преставуваат одличен почеток за градење на мостови помеѓу нашите две земји. - додаде тој.

Qatar Airways прв пат пројави интерес за поврзување со Република Македонија во март 2013 година при нивната посета на државата. Тогаш истакнаа дека директните летови помеѓу Доха и Скопје ќе ги привлечат транзитните патниците од Австралија и Блискиот Исток.
 
Во моментов flydubai со два лета неделно ја поврзува Македонија со земјите од блискиот исток.
 
Инаку, во текот на изминиот месец беше најавено воведување на уште неколку летови директно од главниот град на Македонија. Според најавите наредната година Скопје планирано е да се поврзе со Братислава, Прага и Марибор.