Наскоро директни летови од Прага до Скопје

Чешкиот авио превозник Czech Airlines најави дека повторно ги враќа на пазарот услугите за авио превоз на патници за поранешните југословенски држави. Јан Тот, директор во компанијата на за маркетинг и услуги вчера најави дека планираат повторно да ги вратат летовите за Загреб, Сараево и Скопје.

Од компанијата информираат дека планирано е летовите од Чешка до Загреб да се реализираат во текот на целата календарска година, додека оние до Скопје и Сараево да бидат активни само во текот на летниот период. Терминот за летови ќе биде пристигнување доцна попладне, а полетување во раните утрински часови. На крајот додаваат дека наскоро е планирано да бидат пуштени и билетите во продажба.

По вчерашната информација дека Виз Ер најавува нов лет од и до Скопје, ова е е уште една позитивна вест за патниците од Скопје.