Уште една директна авио линија: Следен на листата е Марибор

По најавите од минатата недела за поврзување на Скопје со директни авио линии до Прага и Братислава, денес стигнува уште една убава информација.

Германската мала авио компанија Expres Airways која е сопственик на школо за пилоти стационирано на аеродромот во Марибор, Словенија најави дека на почеток на идното лето планира да воспостави директни авио линии помеѓу тамошниот аеродром и аеродромите во Приштина, Скопје и Минхен.

Преговорите сеуште се во почетна фаза и засега не се соопштуваат повеќе детали. Целосни информации се најавени до крајот на година.