Посна крем-супа од спанаќ

За денеска или за утре, подгответе крем супа од спанаќ. Во денови кога не се пости, може да ја збогатите со павлака или со пармезан. 

Состојки:

Еден кромид 
Две чешниња лук 
Три компира 
400 гр спанаќ 
Еден морков 
Еден пашканат
Сол и бибер, магдонос

Подготовка:

Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечкајте го во големо тенџере. Додајте вода колку да го покрие зеленчукот, па варете околу половина час. Потоа, со миксер изматете го варениот зеленчук и додајте уште малку вода и зачини.