Макарони со спанаќ и сушени домати

Ако обожавате паста, а не сакате да користите многу садови за да ја подготвите, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа идеја.

Состојки:

 Една конзерва домати пелати
Две лажици доматно пире
Половина шолја сушени домати (исцедени од маслото, но маслото зачувајте го)
30 гр свеж или замрзнат спанаќ
Лук, сушен босилек, оригано, сол, црвен пипер, црн бибер
Една шолја црвено вино
Една и пол шолја вода
450 гр тестенини по желба
Една шолји рендан кашкавал
Половина шолја пармезан

Подготовка: 

Загрејте ја рерната на 190 степени. Подмачкајте го тавчето за печење.

Во тавчето додадете ги доматите од конзерва, пирето од домати и сушените домати, како и 2 лажици масло (кое го исцедивте од сушените домати).

Потоа додадете го спанаќот, сите зачини по желба и вкус, црвеното вино и една и пол шолја вода. Добро измешајте ги состојките.

Додадете ги макароните, ренданиот кашкавал и пармезанот и уште еднаш нежно промешајте, внимавајќи макароните да се целосно покриени во сосот. По желба додадете уште малку кашкавал од друг тип, како ајдамер или чедар.

Покријте го садот со фолија за печење која сте ја намачкале со малку масло. Печете околу 40 минути. Потоа извадете ја и продолжете со печење уште 15-20 минути или додека кашкавалот целосно не се стопи и не порумени.