Пита со спанаќ и брокула, без кори или тесто

Ако сте љубител на „зелено“, тогаш оваа пита ќе ви биде вистински погодок на трпезата.

Состојки:

170 гр спанаќ
Млад кромид
100 гр брокула
Три јајца
180 гр кисела павлака
200 мл млеко
100 мл масло
100 гр брашно
100 гр пченкарно брашно
100 гр сирење
Сол
Бибер
Зачини

Подготовка:

Свежата брокула сварете ја пет минути и исецкајте ја што поситно. Спанаќот и кромидот исто исецкајте ги, измешајте и зачинете. 

Додавајте ги останатите состојки, најпрво јајцата, павлаката, маслото, потоа млекото, сирењето, па брашната. Мешајте добро и ставете ја смесата на намастен калап. 

Можете да додадете сусам, семки од тиква или од сончоглед. 

Печете на 190 степени околу 25 минути.