По добиената дозвола од Град Скопје, ЕСМ ќе постави топловодни цевки на мостот „Беласица“

По добиена дозвола од Град Скопје, АД ЕСМ ја известува јавноста дека се' е подготвено за поставување на новите топловодни цевки на мостот „Беласица“.

Оттаму уверуваат дека ќе бидат вложени максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.

- Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на почетокот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки, кои се веќе пренеси на локацијата, се вели во соопштението на ЕСМ.