Децата преку ден маскирани, возрасните навечер во дискотеките - Скопје во едни убави времиња го славеше Први април

Денот на шегата некогаш во Скопје беше многу поинаков за разлика до сега.

Голем грој скопјани со реакции на социјалните мрежи што вчера немаше некоја посебна организација за денот. 

Маскембали и забава за најмалите со музика имаше во повеќето скопски општини, но на централниот плоштад „Македонија“ беше без организирана детска програма! Ниту бина, ниту музика, ниту дефеиле - скопјани повторно „прстот го вперија“ кон градоначалничката Арсовска.  

Скопјанец на „X“ платформата сподели свое размислување: 

Во едни убави времиња за 1 ви Април Скопје го живееше денот. Децата преку ден маскирани во градинките, школите, на плоштад. Повозрасните во вечерните часови ги полнеа дискотеките каде што сите без исклучок бевме маскирани. Градот живееше, луѓето во него беа живи.