Летово ќе заврши изградбата на катната гаража спроти Стариот театар

АДСДП планира летово да ја заврши изградбата на катната гаража спроти Стариот театар во центарот на Скопје. Реализацијата на проктот доцни повеќе од една и пол година, но причината за тоа од станбеното претпријатие ја гледаат во изборот на нов изведувач на работите во текот на изградбата на објектот.

Во моментов се привршуваат машинските работи, се поставува алуминиумска доградба за заштита на деловниот простор во објектот, а при крај е и приклучувањето на електричните инсталации. До крајот на јули целосно ќе се завршат градежните работи на терен. Во катната гаража „Смилевски конгрес“ се вложени околу 4,4 милиони евра.

Новиот гаражен простор во центарот на Скопје се протега на површина од 10.037 метри квадратни, со едно подземно ниво и висина од 20,7 метри. Бројот на паркинг места изнесува 169. Покрај просторот за паркирање, во објектот се предвидени 1.539 метри квадратни за деловен простор сместен во периферните делови – краците на приземјето и на двата ката. Проектната документација за гаражата ја изработи „ГМС Проект“, а надзорот над работите го врши самиот инвеститор – АДСДП.

cheap nike air max 90