Видео: Скопје доби нова подземна катна гаража

Нови 500 паркинг места во центарот на Скопје. Подземната катна гаража Кресненско востание во близина на Македонската опера и балет на површина од 20 000 метри квадратни значително ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе го реши проблемот со паркинг на сите околни институции. Според премиерот Груевски ова е уште една од инвестициите со кои главниот град во изминативе години доби нов модерен лик, а паркирањето во новата катна гаража во следните месеци ќе биде бесплатно за граѓаните.

Во близина на катната гаража попладнево во употреба беше пуштен и новиот плоштад Мајка Тереза. Ова естетско и партерно уредување на 13 000 квадрати ќе прерасне во нов музички центар на градот Скопје.

Двете инвестиции се остварени во соработка помеѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата, градот Скопје и Министерството за транспорт и врски.