Катна гаража во Градски Парк?

Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ која последниот период се појави на социјалните мрежи, реагираше на наводната изградбна на катна гаража среде Градскиот парк. Катната гаража е предвидена да се гради на местото на фудбалските терени на АРМ, односно веднаш до спортксата сала „Градски Парк“. Објектот би бил со висина од 29 метри, што кореспондира со 9 ката.

Од иницијативата, аргументираат дека безбедноста на минувачите ќе се намали, а загадувањето ќе се зголеми. Ќе допринела за уништување на природниот амбиент кој го има во паркот, а немала практична намена за граѓаните.

„Безбедноста на пешаците, особено на децата ќе се наруши, загадувањето ќе се зголеми, а и една гаража не може да го опслужи градскиот стадион за време на натпревар, улицата за пристап е тесна и нема толкав капацитет за проток на автомобили... Од претходните реакции, нашата заложба нека биде поттик за Градоначалникот Андреј Жерновски и општината заедно да се спротиставиме на изградба изграба на катната гаража! Да застанеме во одбрана на Градскиот парк и на зеленилото низ цело Скопје“-се вели во објавата на нивниот фејсбук профил.