„Лајка“ спаси куче заловено во стапица за диви животни на Водно

Тимот на „Лајка“ денеска спаси куче, кое било фатено во нелегално поставена стапица за диви животни на планината Водно

- По пријава на загрижени граѓани нашиот тим заловувачи веќе две недели ја посетуваше локацијата и се обидуваше да го залови кучето, кое за жал беше фатено во стапица за диви животни, која нелегално е поставена на нашата планина Водно. Кучето беше преплашено и ни требаше повеќе време да го фатиме, но нашиот ветеринар, доктор Горан кој со многу трпение и упорност, даде се од себе да го ослободи од стапицата. Кучето е моментално е во нашето прифатилиште и нашите ветеринари даваат се од себе да ја санираат раната, ќе известиме за неговата состојба во текот на денот. Згрозени сме од овој настан, иако не е ова прв случај, се надеваме дека ќе биде последен, кучето било во огромни болки и ќе следи долг процес на заздравување и социјализација за да му ја вратиме довербата во луѓето. Ова е апел до сите граѓани кои одат на Водно да пазат за својата безбедност и безбедноста на своите миленици, се вели во објавата на Лајка.