Клинички центар се „дави“ во ѓубре: Вака ли треба да изгледа „темелно исчистениот“ комплекс?

Скопје во изминатите денови се соочуваше со сериозни проблеми затоа што надлежните служби не го собираа ѓубрето.

„Комунална хигиена“ неколку дена не го собираше ѓубрето низ градот, по што ситуацијата се стабилизира и надлежните информираа дека почнало чистењето на сметот.

- Вака ли треба да изгледа „темелно исчистениот“ клинички комплекс како што информираа надлежните? Ова ли е тој посебен фокус за грижата за хигиената, значаен и за пациентите и за здравствените работници? Негрижа и континуирано запоставување на овој сегмент - хигиената во комплексот клиники за што сведочат секојдневно здравствените работници и пациентите, прашуваат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.