Ќе дочекаме ли милениците да ги возиме со ЈСП во главниот град?

Ќе дочекаме ли милениците да ги возиме со ЈСП во главниот град?

Од иницијативата Зелен Хуман Град информираат дека на платформата МојГрад над 1.600 граѓани го поддржаа предлогот на активистите за заштита на животните да се дозволи транспорт на миленици во јавниот превоз во Скопје. Тоа ќе се одвива во согласност со сегашниот закон кој дозволува превоз на миленици сѐ додека се затворени во транспортер кутии.

-Скопје со ова ќе ги следи европските трендови кои се уште понапредни, но е значаен чекор во правилна насока додека не се направат законски измени, велат од ЗХГ.

Ако овие иницијативи се изгласаат, градоначалничката на Град Скопје ќе мора да достави на следната седница предлог-одлуки со чие гласање ќе може веќе да се применуваат овие предлози.