Зелен Хуман Град против БРТ - Скопје не може да си дозволи уништување на здраво зеленило

Зелен Хуман Град останува на својот став против БРт транспортот за Скопје!

Оттаму велат дека само со изведба на првата траса се проценува дека ќе се уништат 7.000 зрели дрвја.

- На Партизанска поминува главната водоводна цевка на Скопје. Скопје НЕ МОЖЕ да си дозволи уништување на здраво зеленило среде геноцидот од загадувањето што прерано убива над 5.000 наши сограѓани! Секогаш ќе бидеме ПРОТИВ проекти кои не се производ на темелни анализи и студии и за чиешто спроведување на ниеден начин не се консултирани граѓаните иако проектите се реализираат со нивни пари, рече Драгана Велковска советничка во Советот на Град Скопје.