Зелен Хуман Град со повик граѓаните да се вклучат во партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје

Од иницијативата Зелен Хуман Град со повик до сите кои сакаат да се вклучат во партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје. 

- Смачено ти е од урбанистичкиот хаос во градот? Смачено ти е од лошото планирање и бетонизација на Скопје? Сега е твојата шанса директно да се вклучиш во креирање на идната на Скопје, посебно генералниот урбанистички план (ГУП). Град Скопје издаде оглас за учество во партиципативното тело за урбанизам! Ако си дел од следните групи, искрено ве убедуваме да се пријавите! - наведуваат од ЗХГ. 

Повикот се однесува на: 

- Член на урбаните и месните заедници

- Член на невладини организации од различните сегменти на урбаниот живот

- Член на здружениа на граѓани и граѓански активисти од подрачето на градот што ги претставуваат различните групи на граѓани

- Граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области сушествени за планирањето и одржливиот развој на градот

Рокот за пријавување е до 21. февруари, а огласот може да го најдете на следниов линк