ЈП Водовод и канализација: водата во Скопје е безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација известува дека е извршена санитарна контрола во периодот од 25.12.2023 до 29.12.2023 каде биле земени 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата што ги добило ова јавно претпријатије сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење известуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје