Арсовска во увид на градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во Љубанци

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршија увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел соопштија од Град Скопје

Од таму додаваат дека градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување.

Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент се вели во соопштението на градот.