Граѓаните на Скопје пијат квалитетна вода

ЈП Водовод и канализација - Скопје инфомира дека граѓаните на Скопје пијат добра и квалитетна вода. За таа цел секторот за санитарна контрола во периодот од 29.01.2024 до 02.02.2024 земал 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Градот Скопје.