ЈП Водовод и канализација: водата во Скопје е безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација објави дека во периодот 18.12.2023 до 22.12.2023 биле земени 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

Нивните резултати покажале сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18) според стандардот ИСО17025:2018, се вели во соопштението на Водовод.