Скопјани ѝ порачаа на Арсовска да се престане да политизира и да се фати за работа

По прозивките дека Скопје не е украсен, дека е станат мрачен и тажен град конечно се јави и градоначалничката Данела Арсовска на нејзиниот Фејсбук профил

 Таа одговори во нејзин стил на серија на обвинувања кон нејзините претходници но порача дека градот ќе биде накитен во скоро време. Но она што остава впечаток се коментарите под постот на Арсовска.

Еден Скопјанец  и порачува на Арсовска дека доволно ќе биде да прошета низ градот и самата да се увери дали вака треба да изгледа главен град на европска држава. Тој и посочува дека ќе остане запаметена како најлош градоначалник во историјата на оваа држава.

Друг и укажува дека многу политизира и дека моментално Скопје е најтажната метропола во Европа и пошироко.

Друга скопјанка и посочува дека откако е дојдена на позиција градоначалник во Скопје нема никаков напредок.

Освен тоа што нема ниту еден украс во градов со што барем и најмалку би се навестило дека се приближува новата година граѓаните и забележуваат и за сообраќајниот хаос со кој секојдневно се соочуваат.

Во коментарите под постот на Арсовска граѓаните ја потсетуваат и за нејзиното ветување за продолжување на изградбата на булеварот кон Драчево, мостот Беласица, метежот и нередовноста на автобусите, чистотата на градот и осветлувањето.

Она што може да се забележи не само на овој пост туку и на другите каде Арсовска им се обраќа на Скопјани коментарите на граѓаните не се ни малку нежни и се исполнети со гнев и разочарување на досегашните политики на градоначалничката.