Едноставен и вкусен викенд појадок: Мафини со тиквички

Едноставен рецепт за мафини со тиквици, oдлични за вашиот викенд појадок. 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 

1 кромид

2 моркови

2 тиквички

1 лажичка слатка пиперка

3 лажици брашно

4 лажици вода

2 јајца

1 лажица маслиново масло

ПОДГОТОВКА:

Се пропржува ситно сечканиот кромид, па се додава ситно сечканиот морков. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете ситно сечкани тиквички. Зачинете со сол, бибер и посипете со слатка пиперка, па измешајте. Покријте и динстајте уште 10 минути. 

Измешајте брашно и вода, да нема грутчиња, па додадете ги јајцата и маслиновото масло. Посолете и сè убаво измешајте, па додадете го готовиот зеленчук. 

Во калап за мафини ставете хартиени корпички, а доколку немате добро намастете. Ставете ја смесата и печете во рерна на 180°C околу 15-20 минути.