Домашни мафини со вкус на портокал

Портокалот ги прави десертите да бидат повкусни и поосвежувачки, бидејќи лесно се комбинира со другите вкусови. 

Состојки:

130 гр брашно
Рендана кора од 2 портокала
Сок од еден портокал
130 гр шеќер
Еден ванилин шеќер
Едно јајце
120 гр путер
100 мл кисела павлака
50 гр сецкани ореви
Една лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Разматете шеќер, ванилин шеќер и омекнат путер. 
Додајте јајце и кисела павлака, па продолжете со матење. 
Измешајте брашно и прашок за печиво и додајте во течната семса. Продолжете со мешање со дрвена лажица. 
На крај додајте ореви, сок од портокал и кора од портокал, па добро соединете. 
Поделете во калапи за мали мафини. Печете во рерна загреана на 180 степени 20-25 минути.