Мафини со тиква и рузмарин

Уште една одлична идеја како да ја употребите тиквата, но овојпат вкусот е дополнет со зачини кои не се толку очекувани и типични.

Мафините се непогрешлив избор, бидејќи на тој начин можете да имате ужина за неколку дена.

Состојки:

60 мл масло
180 гр брашно
130 гр интегрално брашно
Лажичка прашок за пециво
Пола лажичка сода
Малку сол
Три гранчиња рузмарин, исецкани
2 јајца
100 мл јогурт
275 гр млеко
Малку мед
240 гр варена тиква
Исчистени семки од тиква

Подготовка:

Просејте го брашното, па ставете ги пецивото и содата. Во нив ставете го рузмаринот. Во друг сад измешајте ги јајцата, јогуртот, млекото и маслото, додека не добиете споена смеса. 

Мократа смеса сипете ја во садот со брашно. Коцките тиква ставете ги и мешајте, но не премногу, за да останат и парчиња од неа. Ставајте од смесата во калапи за мафини. Украсете со семки од тиква. Печете во рерна загреана на 180-200 степени, помалку од половина час.