Дедо Мраз пристигнува на плоштадот „Македонија“

Во рамки на празничниот базар на плоштадот „Македонија“ за денеска со почеток во 11 часот е предвидена дневна програма. Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот „Македонија“, а децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со Биби и Боби и со останатите маскоти. Ќе настапуваат и Скопје Лејдис Орксестра. 

Вечерната забава ќе почне од 19:00 часот со Јанг Дади, а ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов.

За пречекот на Новата 2024 година на плоштад „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски. 

Како изгледа центарот на Скопје во празничен амбиент погледнете од овие фотографии: