Брзи идеи за ручек: Лесни рецепти за полнети печени компири

Време е за ручек, па доколку мемате идеја што вкусно да направите денес, имаме предлог рецепти за превкусдн ручек во две варијанти. Најдобриот дел е што нивното подготвување е навистина лесно и едноставно, па ќе имате многу повеќе слободно време за уживање и одмор.

Печени компири полнети со печурки и павлака

Потребни состојки: 10 -15 големи компири, 100g сушени печурки, 1 кромид, 1/2 чаша супа од печурки, 2 лажици кисела павлака и 1 лажица брашно.

Подготовка: 1. Сварете ги или испечете ги компирите. Засечете ги за да можете да извадите дел од внатрешноста, не ги сечете целосно.

2. Сварете ги печурките, исцедете ја водата од нив и потоа исечкајте ги. Додадете ги во тава и пржете ги заедно со исечканиот кромид.

3. Додадете 1 лажица брашно и мешајте. Потоа додадете ½ чаша супа, почекајте да зоврие и додадете ја павлаката и малку сол. Убаво измешајте.

4. Наполнете го секој компир со ова смеса и ставете го во рерна да се пече. По желба можете да додадете павлака и путер врз секој компир.

Компири полнети со печурки и шунка

Потребни состојки: 8 компири, 100g свежи печурки, 100g шунка, зачини, варено јајце и кашкавал.

Подготовка: 1. Измијте ги компирите и испечете ги без да ги лупите. Секој од нив пресечете го на пола, отстранете го внатрешниот дел со лажица, оставајќи тенок слој.

2. Измешајте го извадениот дел од средината со пржените печурки и парчињата шунка.

3. Додадете сол и бибер, а потоа и зачините и издробената жолчка од јајцето.

4. Наполнете го секој компир со оваа смеса, додадете кашкавал и масло и печете додека не добијат златно-кафеава боја.