Оваа салата има магичен вкус, мора да ја пробате!

Ако денот ви е исполнет со милијарда обврски и сакате во 10 минути да го направите најубавото јадење во вашиот живот, тогаш оваа салата е за вас.

Неверојатен микс на текстури и вкусови кои ќе ви дадат енергија и желба да бидете најдоброто од себе. За само десет минути вие ќе му приготвите на вашиот организам уживање кое ќе трае и трае, и ќе сакате истава салата да ја јадете секој ден.

За да ја приготвите салатата од јаболка, калинка и бадеми потребни ви се:

  • 6 шолји зелена салата

  • 1 шолја бадеми

  • 2 јаболка

  • ½ шолја фета сирење

  • ¾ шолја семки од калинка

Исечете ги јаболката на коцки, помешајте ги со зелената салата, бадемите, фета сирењето исто така исечено на коцки и семките од калинка. На крајот пропрскајте со лимонов сок или оцет, а по желба може да ставите и малку мак. Промешајте и на здравје!