Борбата да останеш на нозе кога животот ти се распаѓа...

Не мора да се трудиш да чуваш се во себе, никој не треба да носи таков товар во својата душа. Верувај ми, знам од искуство.

Знам како е да се трудиш да ги задржиш солзите додека лежиш сама во темна соба.
Знам како е да се чувствуваш неверојатно неразбрана.
Знам како е да се чувствуваш дека постојано се преправаш да бидеш нешто што не си.
Знам како е да не сакаш да ги разочараш луѓето коишто ги сакаш.
Исто знам дека е истоштувачки. Како? Затоа што сум уморна. Уморна од тоа да се чувствувам умствено истоштена.

И станува потешко, зарем не? Се потешко е да чуваш се во себе и да глумиш дека се е супер.

Имаш чувство како тоа да те гуши, нели? Полека се давиш во темнината, наместо да пуштиш твоите чувства да излезат надвор.

Боли, нели? Боли до точка кога напливот на чувства предизвикува физичка болка во твоите гради.

Зошто го правиш ова? За да ги заштитиш другите од тебе или за да се заштитиш себеси од сопствено уништување?

Би сакала да знаев како да излезам од овој отровен круг и би сакала да ти ги кажам истите работи и на тебе. Но, не можам. Не знам.

Се што можам да кажам е дека не си сам. Не си сама. Сите сме во ова заедно...

cheap nike free run 5.0