Можете да се борите со сета сила на светот, но тоа што не е за вас, нема да остане во вашиот живот

Колку и да звучи лошо, не можете да задржите ништо што не ви припаѓа. 

Можете да се борите со сета сила, можете да се насочите само кон тоа, можете да ја имате поддршка на сите околу вас, но тоа што не ви е судено да биде ваше, нема да биде. 

Ќе чекате долго, ќе се борите со години, ќе се трудите, но ако некоја личност  или работа, или пак град не е судена да биде ваша, не можете ништо да постигнете. Само ќе се изморите. 

Можете да се трудите да градите стратегии, да се борите, да измислувате изговори, да се борите со сето свое срце, но не можете да го натерате универзумот на тоа. 

По некое време, ќе дојде вистинската личност или работа, ќе сфатите каде сте грешеле, и зошто не успеало. Но, кога ќе видите дека нешто не оди, не го трошете целиот свој потенцијал на тоа, не се истоштувајте. 

Длабоко во себе ќе знаете дека не е тоа, но послушајте го таквиот глас.